петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 106
home Вести

Фонд на ПИОМ: Одлуката на јавното обвинителство потврда дека не е оштетен ниту еден корисник

Фонд на ПИОМ: Одлуката на јавното обвинителство потврда дека не е оштетен ниту еден корисник

Одлуката на Основното јавно обвинителство Скопје од 31-ви мај 2019 година, согласно која нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб, е потврда дека во Фондот на ПИОМ не е оштетен ниту еден осигуреник, ниту пак се загрозени неговите права, се вели во соопштението од Фондот објавено на неговата веб-страница.

Уплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, велат од Фондот, се сигурни и се користат строго наменски за исплата на пензии, а сите користења или пренамени се со одбрување од Министерството за финансии.

-Фондот е институција со долгогодишно искуство и реноме и проблемите кои настанаа по претходниот период се поединечни случаи кои се произлезени од претходните 12 години, како резултат на системски грешки во прибирањето и обработката на податоците од другите надлежни институции. Со последните измени и дополнувања на законите од областа на пензиското и инвалидското осигурување се создадоа законски услови за заштита на осигурениците на кои навремено нема да им биде распределен придонесот. Исто така, се врши подобрување на деловните процеси и зајакнување на сите контролни критериуми во водењето на евиденциите и распределбата на членството, се вели во соопштението од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Со стапување во сила на споменатите измени и дополнувања на законот почнувајки од 1 јануари 2019 година, потенцираат од Фондот, во неколку наврати се изврши распределба на ненавремено распределните членови, средства од придонесите и надоместокот за ненавремена распределба.

Во Фондот во тек е и унапредување на огранизационата поставеност со формирање на посебен оддел, кој ќе се грижи исклучиво за членството во вториот столб.

-На овој начин се очекува надминување на проблемите кои досега се јавуваа во воспоставувањето и водењето на евиденцијата и распределбата на придонесите во вториот пензиски столб, велат од Фондот.

Од оваа институцијат потенцираат дека се отворени за соработка со другите институции и подготвени за унапредување на сите процеси се цел навремено обезбедување на правата на сите осигуреници. (МИА)