понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

„Фолксваген“ ќе инвестира во Македонија – малку „морген“!

„Фолксваген“ ќе инвестира во Македонија – малку „морген“!

Пушташ вести и повторно слушаш непријатно изненадување: Компанијата Фолксваген реши да инвестира во Турција – инвестиција вредна 1,5 милијарди евра и повеќе илјади вработувања! Уф, си велиш, што пак им згрешивме на инвеститорите за повторно да ја одминат жална Македонија, а имавме најава на голема врата за нивno влегување во државава од „инвестиционо“  настроенава ни влада?! Слушаш и си велиш:Зошто Господе инвеститориве како од “лепра” бегаат од нас? А ние сите убедени од владата наша:, готово – Фолксфаген доаѓа во Македонија – фолксваген – национално возило, ама арно, пак јако нè „извозија“ и тоа во фолксваген караван и си велиш длабоко во себе: Ќути можеше и полошо да биде, да испилотираме како арачиновска ескадрила!, ова во својата најнова колумна за Република го пишува Марјан Ристески, поранешниот градоначалник на Прилеп.

И повторно сите „сме мало збуњени“ со многу прашања во себе: Што е причината што никој не сака да инвестира, зошто никој не сака ни шајка да заковe во оваа наша, a „блескава” Македонија?

Каде и да отиде по „белиот свет“ нашиов владин „Globtroters team”, секогаш со изненадувања и свежи вести за нас-народов, нови инвестиции и нови брендови за државава!!!??? Браво-браво и после тоа OП стара приказна – ништо од ветеното повторно – лажна вест!!!

Но, по сè изгледа грешно ги сфаќаме, нашата власт има повисока улога од државничката, таа си станала портпарол за најава на инвестиции на Балканот (нели „успешна“ балканска приказна се), па затоа често слушаме наместо во Македонија, инвеститорите се одлучиле да инвестираат кај соседите: во Србија, во Хрватска, Бугарија, Турција…(убаво е кога се мисли за соседите, нели таква е владата наша)?

Пред три години на голема врата ни најавија – Кога ќе дојдеме на власт државава ќе стане инвестиционен рај, ќе се „тепаат” да инвестираат во неа, но место да се тепаат за овде, доживеавме да се тепаат за да бегаат одовде, а народецов како и секогаш – со прстот во уста.

Како што тргнала работава со оваа влада, и зборот инвестиции ќе се ОДДОМАЌИНИ од нашиов речник (не наведувам каков речник за да не се налутат бугарите-празник е). Непријатно е чувството како нард кога ќе слушнеме дека она што го најавила владата како – инвестиција, претставниците на странските компании мораат да го корегираат и да ја демантираат веста за да не си го нарушат стекнатиот имиџ, велејќи си во себе – со кого сме фатиле работа? Значи куртоазното – „family photo” и неизбежното ракување на претставниците на власта со менаџерите на некоја компанија на некој протоколарен собир, за оваа влада значи и нова инвестиција, а уште полошо е кога со тек на време почнуваат и самите да си веруваат во “инвестицијата”.

Целиот текст на Марјан Ристески прочитајте го на Република или ТУКА.

Најнови вести

Локални избори 2021