вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОКУС: Еден од убиените на „Рузвелтова“ е брат на Џељо Ајети, кој беше изрешетан во Сингелиќ пред пет години

ФОКУС: Еден од убиените на „Рузвелтова“ е брат на Џељо Ајети, кој беше изрешетан во Сингелиќ пред пет години

Првата жртва што почина во синоќешната престрелка на „Рузвелтова“ е Наим Ајети, кој е пак брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој загина изрешетан во својата чајџилница во Сингелиќ пред пет години, објавува Фокус.

Како што информираа од МВР, 44-годишниот Наим од здобиение повреди од истрели починал на лице место. Во пукањето, кое се одвиваше синоќа на полноќ, почина уште едно лице, додека третиот од  „сеат алтеата“ кон која биле насочени истрелите од џипот „Лендровер“, е хоспитализиран на КАРИЛ.

Братот Наим, Џелал Ајети беше убиен на 46-годишна возраст во ноември 2013 година во неговата чајџилница „Кај Џељо“ во скопската населба Ченто. Убиецот, маскиран во фантомка, со калашников влегов во чајџилницата и испукал најмалку 30 куршуми, пипшува Фокус.

Џељо важеше за влијателна фигура во скопското подземје, беше познат како нарко бос и за него се ширеа информации дека се занимавал со лихва.

Убиство од небрежност, учество во тепачка, загрозување со опасно орудие, насилство се дел од кривичните дела кои му се ставаа на товар. Против него во текот на неговиот живот биле поднесени 18 кривични пријави.

Коронавирус