четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 88
home Вести

Фирми од тендер за кој има истрага во Албанија, во трка за приватизација на Стерилизација?

Фирми од тендер за кој има истрага во Албанија, во трка за приватизација на Стерилизација?

Се уште не се знае кој ќе го добие тедерот за Јавно приватно партнерство за стерилизација бидејќи поради комплексноста на процедурата не е завршена евалуацијата, тврдат за НОВА од Министерството за здравство . Со овој тендер Стерилизацијата треба да ја менаџира приватен партнер што предизвика бура од реакции кај стручната јавност и Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација, кои велат дека не биле консултирани и не било земено во обзир нивното мислење, а за самиот тендер сметаат дека е небулозен.

„Министерството за здравство спроведува постапка за доделување Договор за воспоставување на „Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции“, со Отворена постапка во согласност со член 15 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Севрена Македонија“ бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15 и 215/15) и член 21 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14 , 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16 , 120/16, 165/17 и 83/18),и во овој момент можеме да ве известиме дека евалуацијата не е завршена земајќи ја во предвид комплексноста на предметот“, велат за НОВА од Министерството за здравство.

Од таму не ги откриваат фирмите кои се пријавиле на тендерот бидејќи како што велат„ при евалуација на понудите Министерството за здравство има обврска да ги чува во тајност содржината на понудите и секоја друга информација поднесена од кандидатите или понудувачите согласно горенаведените закони“.

Сепак, НОВА неофицијално од свои извори упатени во проблематиката дознава дека за многу скоро ќе се знае кој ке го добие тендерот бидејќи одлуката ќе биде донесена наскоро.

Неофицијално, две фирми од Албанија и Италија,  „Евита схпк“ и „Стеримед“  се во трка да ја земат во свои раце Стерилизацијата во државата која по замисла на ресорното Министерство треба да биде стационирана на четири локации : Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, една резервна локација во Скопје која што ќе биде дополнително утврдена, како и во Општите болници во Кавадарци и во Охрид.

Извори за НОВА од македонските фирми кои се претставници на странски брендови во земјата, велат дека немале можност да учествуваат на тендерот поради високите критериуми во тендерската документација како што е висока банкарска гаранција, обрт од 30 милиони евра во оваа дејност во последните 3 години, (за подизведувач обрт од 20 милиони евра) и слично.

„На ваков начин се елиминираат сите фирми кои се занимаваат со стерилизација во Македонија. Што ќе се случи кога ќе заврши договорот за јавно приватно партнерство после 15 години. Која фирма ќе остане дотогаш, сите ќе си заминат од државата“, велат од фирмите кои немале можност да учествуваат на тендерот.

Овиe фирми сега ја покриваат стерилизацијата која вклучува инструменти за интервенции, потрошен материјал за стерилизација, дезинфициенти, средства за хигиена, униформи и т.н зелен веш, сетови за еднократна употреба, сервис и слично и тоа е многу важен сегмент во сите области во здравството каде што се употребуваат разни видови медицински инструменти.

Инаку, во ноември минатата година бил склучен договор меѓу Министерството за здравство, претставувано од министерот Венко Филипче и ЕПИ Центар Интернационал ДООЕЛ, Друштво за услуги трговија за изработка на Физибилити студија за “Интегрирано менаџирање и иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички решенија“ во  износ од 499 000 денари.  Дознаваме дека оваа Физибилити студија е завршена, но досега никој не ја видел.

Од фирмите прашуваат зошто оваа студија не е јавно достапна, односно зошто Министерството за здравство ја држи во тајност.

За стручњаците во оваа проблематика е сипоматично и зошто неколку месеци пред овој „стратешки проект за стерилизација“ повеќе клиники распишале милионски тендери за опрема и инструменти. Зошто се прават толку големи трошоци кога е предвиден голем тендер со кој приватен партнер треба да инвестира во опрема и инструменти. Како илустрација, во септември минатата година имаше тендер за набавка инструменти на  Клиника за гинекологија  во вредност од 2.600.000 денари, во декемри за хируршки инструменти во износ од 6.000.000 денари, на Клиниката за очни болести-3.000.000 денари, а во март годинава набавка на Министерство за здравство за лапараскопска хирургија во вредност од 34.229.676.00 денари, како и тендер на Клиниката за пластична хирургија.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.