недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Вести

Фирми на луѓе од СДСМ добија 776.000 евра државни пари- дополнителни 35 милиони евра за сомнителниот тендер за реагенси

Фирми на луѓе од СДСМ добија 776.000 евра државни пари- дополнителни 35 милиони евра за сомнителниот тендер за реагенси

Вкупно 776.000 евра добија три фирми на луѓе блиски до владејачката СДСМ од државниот Фонд за иновации. Дополнителное, само една фирма се јавила на големиот тендер за реагенси вреден 35 милиони евра, чии понуди беа отворени пред неколку дена во Министерството за здравство.  Станува збор за фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, која е формирана пред само 4 месеци.

Фирма на Кочо Анѓушев доби 160.000 евра од Фондот за иновации

160.000 евра од Фондот за иновации легнале на сметката на „Каст инвест“, компанија во која вицепремиерот Кочо Анѓушев е косопственик. Од неговиот кабинет за Алфа велат дека немало ништо спорно во ова.

-Вицепремиерот на јавноста и го презентираше анкетниот лист и се што поседува – со што покажа транспарентност и отвореност дека нема што да крие, се наведува во одговорот од Кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот не гледа конфликт на интерес, минатата недела дури и ги промовираше грантовите на кои и самиот е корисник преку уделот во „Каст инвест“, пишува Алфа.

Сопственици на „Каст инвест“ се компанијата „Брако“ на Анѓушев, како и неговиот кум Митко Кржовски и бизнисменот Владо Атанасовски.

Фирма на пратеник на СДСМ доби 162.000 евра од државата

Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.  Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб, пренесува ЛИДЕР.

160.000 евра и за „Слободен печат“ на Героски

Пред некој ден „Лидер“ пишуваше и дека весникот „Слободен Печат“ каде што главен уредник е Бранко Героски, доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонија.

-Особено сум горд и задоволен од одличните резултати од овој прв јавен повик на #ФИТР кој покажа дека се надминати очекувањата, а компаниите аплицирале со исклучително квалитетни проекти, рече Заев а објави Фејсбук страната на Фондот за иновации.

296.000 евра државна донација за фирмата која ја води претседателот на СДСМ Кавадарци

Уште еден скандал во Фондот за инвации. Компанијата Кодинг – Горска ДООЕЛ добила 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“, објави порталот Лидер.

Директор на производство (практично втор човек), во оваа компанија е Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Иновативноста која ја покажува компанијата на Тодоров, е во тоа што измислиле нова амбалажа, етикета и водата ќе им била со вкус на алое вера и ацерола.

Само една фирма се пријавила на сомнителниот тендер од 35 милиони евра за набавка на реагенси

Само една фирма се јавила на големиот тендер  за реагенси  чии понуди беа отворени пред неколку дена во Министерството за здравство.  Станува збор за фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, (друштво со ограничена одговорност )која е формирана на 18.04.2018 годинава.

Контроверзниот тендер, за кој порталот Лидер пишуваше уште од мај годинава, вреди околу 35 милиони евра а на него конкурирала само компоанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која е во сопственост на Предраг Петриќ од Нови Сад, а директор во Македонија и е извесен Александар Јовановски викан Жути од Гази Баба.

Се работи за исклучително сомнителен тендер, ако се има в предвид дека компанијата ќе добие монопол над целиот пазар со апарати и реагенси за испитување на крв во сите Јавни здравствени установи во Република Македонија.

Дополнително скандалозно е што во самата тендерска документација беа наведени спецификации за модел на апарати кои одговараат само на еден производител, АБОТ, иако на пазарот има уште десетици модели за апарати за испитување на крв.

Проверката во централниот регистар покажува дека копанијата која го добива тендерот е регистрирана на 18.04.2018 што консолидира со периодот во кој беше отворен техничкиот дијалог за тендерот. Оваа компанија која ја водат млади луѓе, нема никакво искуство во овој сектор, ниту пак било кога се занимавала со медицинска опрема.

Според неофицијалните информации до кои дојде Лидер, зад целата оваа шема стои еден познат бизнисмен кој се бави со трговија и производство на масло а е исклучително близок до власта.

„АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“ воопшто не е ни застапник на брендот „АБОТ“ од кој се набавуваат апаратите, а како што неофицијално дознаваме, токму локалниот застапник на „АБОТ“, ќе биде компензиран со провизија за набавката и паушал за одржување апаратите, затоа што воопшто не учествувал на тендерот.

Како што неофицијално дознаваме, реагенсите ќе бидат набавувани од грчката компанија „Пегасус“, која исто така не учествуваше на тендерот.

Коронавирус