сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Фирмата донатор на СДСМ, „ДЕЛУКС“ Куманово со нов тендер за луксузна лимузина

Фирмата донатор на СДСМ, „ДЕЛУКС“ Куманово со нов тендер за луксузна лимузина

Агенцијата за стокови и резерви си купила луксузна лимузина од над 31.000 евра, а тендерот го добил фирмата Делукс ауто Куманово за кои постојат докази дека се јавува како донатор на кампањата на СДСМ.

Договорот бил склучен пред нова година, а вчера објавен во Бирото за јавни набавки. Според јавните податоци на Бирото за јавни набавки, Кумановската фирма Делукс ауто била прилично активна во тендерските постапки на државните институции.

 

На крајот од ланската година како единствен понудувач го доби тендерот за набавка на автомобил за Основно суд во Тетово, односно продала возило во вредност од 19.000 евра.

Во септември лани пак Делукс ауто Куманово склучила договор со Државниот инспекторат за животна средина, за набавка на теренско возило во вредност од 23.000 евра и во овој случај понудата на кумновската фирма била единствена.

Сите документи за склучените договори се објавени на Бирото за јавни набавки. Дури и самото Биро за јавни набавки набавило од Делукс ауто Куманово, луксузен автомобил, во вредност од 32.000 евра. Според објавениот договор и во овој случај, до оваа институција стигнала сама понуда од кумановската фирма.

Според јавно достапните информации, лани Делукс ауто Куманово склучила договори и со други институции, како Централниот регистар, Македонски енергетски ресурси, министерството за одбрана како и ЈП ЗА Водоснабдување Кичево.

Ако се соберат сите суми од јавно достапните договори на Де лукс ауто Куманово каде што земала тендери од институциите излегува дека оваа фирма од државата наплатила над 454.000 евра.

Во март лани новинарската Балканска истражувачка мрежа БИН објави дека возила од Делукс  ауто Куманово набавила и Министерството за внатрешни работи, преку донација од 1 милион евра од Република чешка. Според  БИН тогаш Министерството за внатрешни работи без тендер купило дури 45 шкоди, што дополнително БИН пишуваше дека кумановската фирма се јавува како донатори на СДСМ.

Коронавирус