сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Финската МНР: „Рекет“ ви е тест, докажете на дело дека има владеење на правото

Финската МНР: „Рекет“ ви е тест, докажете на дело дека има владеење на правото

Финска како актуелен претседавач со ЕУ дава поддршка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и очекуваме тоа да се случи во октомври, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен на заедничката прес-конференција во Хелсинки со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

– Оптимисти сме дека ако биде исполнета агендата, во октомври ќе биде донесена одлука за старт на преговорите. Сметаме дека нема причина за натамошно одложување – рече Тупураинен.

Прашана дали актуелниот случај „Рекет“ може да влијае на одлуката, таа одговори дека не би требало, но оти постапувањето по него е тест за државата.

– Овој случај е тест за правната држава и владеењето на правото во Северна Македонија. Последниот извештај на ЕК покажа дека има прогрес во оваа област и тоа сега треба да се покаже на дело. Очекуваме објективна истрага и никој да не биде ставен над законот – порача Тупараинен.

 

Коронавирус