недела, 2. април 2023. Вести денес: 28
Во живо

Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина и судска корупција“

home Вести

Финска, Норвешка и Исланд се најбезбедни земји во светот: Еве како е оценета Македонија

Финска, Норвешка и Исланд се најбезбедни земји во светот: Еве како е оценета Македонија

Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни.

Тоа го покажуваат податоците на безбедносните експерти на компанијата International SOS and Control risk, која се грижи за медицинска и безбедносна помош. Земјите означени со темно црвена боја на интерактивната мапа се најлошо оценети, додека оние означени со зелено се најбезбедни.

Од земјите во регионот за најбезбедна е прогласена Словенија, а најнебезбедна е Косово. Словенија е оценета како држава со незначителен ризик, а Косово со среден ризик. Северна Македонија, Србија, Унгарија, БиХ, Хрватска и Црна Гора се оценети како земји со низок ризик.

Најнови вести