петок, 29. јули 2022. Вести денес: 147
home Вести

Финансова вршела претрес и кај високи партиски функционери, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред гласањето доверба на Владата

Финансова вршела претрес и кај високи партиски функционери, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред гласањето доверба на Владата

Во интервал од половина час од 5.30 до 6 часотоутрово Финансиската полиција упаднала и во домовите на високи партиски функционери и истакнати членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Република.мк.

Според информациите на порталот, полицијата вршела претрес и во домови на заболелени од ковид кои во моментот на претресот се во изолација и се лекуваат.

Република објави дека се познати идентитетите на тие лица, но од објективни причини нема да ги соопштаат во моментов.

Одземени се мобилни телефони и други предмети.

За невиден терор од страна на власта и притисок пред седницата за гласање недоверба на Владата утрово информира и пратеникот Јован Јаулески. Финансиската полиција упаднала и во неговиот дом, наводно вршела предистрага.

– Ова се класични потези на очај на режимот во паѓање. Ова е хунта, се работи за обид за притисок врз моите родители на денот на гласањето за недоверба на оваа влада, изјави Јаулески.

Финансова полиција влезе кај пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денот на гласање за доверба на Владата

И претставници на другите партии од новото парламетнарно мнозинство сведочат за невидени притисоци врз пратениците кои денеска треба да гласаат за недоверба на Владата.

Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Адријанит Хоџа од Беса потврдуваат дека власта на СДСМ и ДУИ врши невиден притисок врз пратениците.

Финансиската полиција беше главен адут за „предизборно убедување“ на граѓаните и за време на изборната кампања за локалните избори. Тогаш лично директорот на Полицијата Арафат Муареми одеше по селата и се закануваше со инспекции.

Коронавирус