недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Финансиската помош од 6.000 денари ќе може да се подигне и троши во кеш

Финансиската помош од 6.000 денари ќе може да се подигне и троши во кеш

Сумата од 6.000 денари што граѓаните ќе ја добијат како финансиска поддршка со четвртиот пакет мерки ќе може да ја користат без рокови и ограничувања, соопшти Владата.

Оттаму за Телма потврдија дека ова значи дека граѓаните ќе може да ги вадат парите и како кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

Од Владата засега нема објаснување – кога е сменета кампањата „Купувам домашно“, што беше промовирана со претходните пакети финансиска поддршка и која тогаш се најавуваше како обид за помош на домашната економија преку купување домашни производи, со став дека 30- те милиони евра кои ќе ги добијат граѓаните директно ќе влезат во домашната економија.

Сега со четвртиот пакет предвидена е сума од 27,5 милиони евра за финансиска поддршка за ранливите категории граѓани, а парите треба да се префрлат на трансакциските сметки на граѓаните, но нема рок до кога сите ќе ги добијат.

Коронавирус