вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 142
home Вести

Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат – сега е најтешкиот период

Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат – сега е најтешкиот период

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера, по 10. седница на советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.

-Насекаде се истите мерки имплементирани. Помалку или повеќе тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници посебно овој период се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени ама не се предаваат. Тие и понатаму пожртвувано работат и се повеќе и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија – делови од болници коишто сега ги планираме и во следниот период да станат ковид-центри, потенцираше Филипче и апелираше до сите граѓани да се почитува работата на здравствените работници и да се почитуваат мерките за заштита во целост.

Коронавирус