петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Филипче: Засега нема рестрикции, за викендот ќе се знае дали и какви мерки ќе се воведат

Филипче: Засега нема рестрикции, за викендот ќе се знае дали и какви мерки ќе се воведат

Заврши средбата на министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заштита од заразни болести, но освен што се договориле да ја следат состојбата и следните денови, нема препораки за некакви порестриктивни мерки.

И следните денови ќе следиме какви ќе бидат бројките на новодијагностицирани. Ова е навистина висока бројка во однос на претходните денови. Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно. Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле – рече Филипче во живо на вестите на Сител, по завршувањето на средбата.

Филипче потенцира дека до викендот ќе знаа какви мерки и во која општина треба да воведат.

Дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или да се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници.

Филипче не исклучува и затворање на градинки и училишта, но вели дека планот за рестрикција вклучува и затоворање градинки и училишта, но и да се вклучат и други ученици во настава од ноември со физичко присуство, ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.

Коронавирус