среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Филипче: Засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Филипче: Засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Далеку сме од повторно затворање на државата, но ако стане алармантно во одредени општини би се предложиле поблаги мерки.

Ова денеска го истакна првиот човек на здравство Венко Филипче коментирајќи ја загрижувачката состојба со порастот на нови КОВИД случаи од изминативе десетина дена. Процентот на заболени од направени тестови повторно стана двоцифрен но Филипче уверува дека простор за паника нема.

„После иницијалното прилично нагло зголемување во изминативе недела-две, бројот на нови дијагностицирани случаи се стабилизираше на близу 10 отсто од вкупниот број на тестирања. Засега нема знаци да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку од целосен карантин.“- Венко Филипче, министер за здравство.

Иако во Скопје стандардно дневниот број на нови случаи е значително повисок од останатите градови, сепак во здравствените билтени изминативе две недели се истакнуваат и градови како Струмица и Кочани кај кои епидемиолошката состојба досега беше стабилна. Министерот тврди дека одделни карантини, по примерот на Дебар, не би имало, туку само полесни рестрикции.

„Тоа би било ограничување на бројот на луѓе на јавниот превоз, целосна забрана јавните собирања, евентуално маските и на отворено – се ќе биде врз основа на податоците кои што може да ги извлечеме од случаите.“- Венко Филипче, министер за здравство

Шефот на државата Пендаровски пред неколку дена истакна дека за него неприфатливо е повторно да се оди во карантин бидејќи тоа би нанел уште посилен удар на економијата и менталното здравје на луѓето.

Најнови вести

Коронавирус