четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

Филипче за да прекрие својата неспособност, го обвинува народот за непослушност

Филипче за да прекрие својата неспособност, го обвинува народот за непослушност

Вртоглаво расте бројот на заразени со коронавирус во Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче е свесен дека системот речиси колабира.

Но, според него, не е виновна неспосовноста на надлежните во државата и ненавремените мерки, туку граѓаните.

Не е спорно дека дел од граѓаните покажаа голема недисциплина и не ги почитуваа мерките, но за тоа ќе си биде казнет секој поединечно.

Фактот кој е застрашувачки и говори дека најлошото допрва следува не е нешто на кое народот може да влијае, туку надлежните треба повеќе да ги засукаат ракавите.

Филипче не може да го обвинува народот на непослушност правдајќи ја својата неспособност да превземе посериозни мерки.

Се очекува раст на бројот на заразени, а на тој проблем се пристапува несериозно.

Коронавирус