четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Филипче во интервју за Телма кажува како ќе работат кафулињата, кафеаните…

Филипче во интервју за Телма кажува како ќе работат кафулињата, кафеаните…

Изготвени се протоколи за јавен превоз, курсеви, ресторани, кафулиња, но се чека одговор и предлози од стопанските комори вели министерот за здравство кој тврди дека не може да се соопшти термин кога би почнале со работа кината тестрите локалите. Кога и како ке се враќа животот во нормала, зависи од бројот на намалување на заболените и одлуките на комисијата за заразни болести изјави Филипче за Телма.

Министерот за здравство во разговорот за Телма кажа и дека денеска првиот заболен од Ковид 19 на Инфективната клиника примил крвна плазма, откако претходно беше екстрахирана од двајца излекувани од корона вирусот кои имале соодветна количина на антитела.

Филипче вели министерството за труд и социјала веќе ја изготува уредбата со која сите вработени во јавно здраство кои заболеле од Ковид 19 нема да има им се кратат средства за боледување т.е ке се третира како професионално заболување, а на тие кои веќе им се скратени ќе им бидат вратени средствата. Се прави измена и во делот да не се наплаќа партиципација на сите болни од корона вирусот.

Во однос на тоа кога би било безбедно да има избори, Филипче не сакаше да коменира, но рече дека сите препораки епидемиолозите ги даваат така што здравјето на граѓаните да биде прво место и врз основа на анализите со пацинетите.

– Никогаш досега ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој што беше на почетокот на оваа криза закажан не беше предмет за дискусија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките, односно Комисијата за заразни болести – експертите, епидемиолозите ги темелеа нивните совети, препораки, предлози до Владата. Се што се предложи на Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани така за здравјето на граѓаните да биде ставено на прво место. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму. Само врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациентите, на новодијагностицирани, само врз основа на бројот на пациенти кои ги имаме во болниците, но и на домашно лекување ќе бидат дадени следните предлози- потенцираше министерот.

извор: telma.com.mk

Коронавирус