недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Вирусот е различен од ноември, лекувањето сега трае подолго и има поголем процент на хоспитализација, затоа се новите мерки

Филипче: Вирусот е различен од ноември, лекувањето сега трае подолго и има поголем процент на хоспитализација, затоа се новите мерки

Венко Филипче, министерот за здравство ги соопшти причините за воведувањето на нови мерки, кои почнуваат од утре, односно почнува од 20 до 05 часот.

Филипче објасни дека формата на болеста е различна од онаа од ноември, и сега има повеќе хоспитализирани случаи, а исто така и вирусот има некоја форма, која, како што вели, досега не е видена.

„Се соочуваме со бран кој што е предизвикан од мутација, која е различна од вирусот и бранот од ноември. Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани во болниците, лекувањето трае нешто подолго од претходно, и тоа создава дополнителен товар за сите здравствени установи и работници. Сегашните мерки кои беа на сила не дозволија раст, сепак, е огромна бројката на новодијагностицирани, огромен број на хоспитализирани, иако тоа со динамика се акумулира, и сметаме дека празниците може дополнително да ја комплицираат ситуацијата, и не сакаме да дозволиме во продолжение да се случи уште едно оптоварување на здравствениот систем, вероајтно тешко тогаш би можеле да го менаџариме и затоа се овие мерки.

Во однос на состојбата на регионот, многу земји се соочуваат со тежок бран, така е во Србија, Црна Гора, и во многу земји од средна Европа. Ги ангажиравме сите капацитети во државата. Последно со работа почнува ковид одделението во Битола. Иако има некое намалување на инциденцната, сепак, има градови каде што е таа висока, Куманово, Битола, Кичево и Тетово, и тоа е ризик за целиот здравствен систем.

Да кажам дека имаме една клиничка слика на болеста која е различна од претходната. Хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходно кога после 14 дена веќе немаше опасност за пренос, односно се водеа како излекувани, сега имаме влошување во 12, 13, 14 ден од лекувањето, на форма која навистина ретко се гледа, влошување на белите дробови, на крвта, и за жал завршува лошо. Претходно беа хоспитализирани 7%, сега со овој сој се хоспитализирани 11-12%“, рече Филипче.

Коронавирус