среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Вести

Филипче вети и 1600 трансформации на работен однос во здравството, ама нема ништо

Филипче вети и 1600 трансформации на работен однос во здравството, ама нема ништо

Не се само ветените 300 пилоти од Арачиново, ТВ Алфа вчера посочи на ново лажно ветување дадено од актуелната власт. Се работи за ветување кое јавно во гостување во емисија го даде министерот за здравство Венко Филипче во јули оваа година. Филипче соочен со критиките за здравството тогаш вети дека ќе отпочне процес за трансформација на работниот однос на над 1600 вработени во јавните здравствени установи од определено време, на неопределено.

-Решивме сите здравствени работници кои имаат договор на дело во јавниот здравствен сектор да добијат трансформација на работниот однос, па да бидат вработени на неопределено. Не само доктори на медицина, туку целиот персонал, кој брои околу 1600 вработени, ќе го транформираат договорот, па ќе имаат договори на неопределено, изјави министерот за здравство Венко Филипче, пред три месеци во телевизиско гостување.

Зошто ова остана само празно ветување, кога има постојан одлив на бели мантили од земјава, од Министерството за здравство молк.

Оттаму веќе два дена не одговараат на прашањата на Алфа зошто договорите на дело, или на определено време на вработените од здравствениот сектор не се променети.

Транформација на договорите на сите вработени во јавните здравствени установи е само едно од ветувањата што засега не се реализирани, известува Алфа.