сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 119
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Вести

Филипче упорно тоне одработувајќи за Заев: Епидемијата е под контрола, професионално ја водиме работата

Филипче упорно тоне одработувајќи за Заев: Епидемијата е под контрола, професионално ја водиме работата

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека смртноста во Македонија од ковид-19 не е најголема во регионот и тие професионално ја водат работата. На прашањето дали се чувствува одговорен по последните зголемени бројки на новозаболени и починати од вирусот и кој ќе ја понесе одговорноста, министерот за здравство на вчерашната прес-конференција кажа дека епидемијата е под конторла.

-Епидемијата е под контрола, а кажав досега неколку пати зошто така сметаме. Имаме детална слика, проценка на ризик на овој последен бран. Целата работа се води стручно, професионално и изградивме одличен систем за соработка на здравствените работници. Смртноста не е најголема во регионот. Ние имаме наш автентичен начин на евидентирање, за да ги заштитиме луѓето во нивната околина. Досега се откриени 20 пост мортем случаи. Добро се организиравме, имавме добар однос кон јавноста и и понатаму така ќе продолжиме – рече Филипче, одговарајќи на новинарското прашање.

Тој вели дека има суштинска разлика меѓу првиот и овој втор бран.

Тогаш не знаевме што може да очекуваме, не знаевме колку може да се прошири вирусот, имаше многу непознати и за самиот вирус не знаевме колку може да го оптовари здравствениот систем – рече Филипче, кој апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките на лична заштита, протоколите на движење, држење дистанца и ги повика надлежните тоа да го контролираат и да го казнат таму кадешто има прекршување.

Парламентарни избори 2020