четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Скопје и денеска блокирано, ВМРО-ДПМНЕ протестира на три локации!

home Вести

Филипче: Тестот на Мицкоски за коронавирус е негативен

Филипче: Тестот на Мицкоски за коронавирус е негативен

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредно обраќање изјави дека тестот за коронавирус кој е направен на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е негативен.

Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Мицкоски и Зоран Заев се во задолжителна самоизолација откако Филипче потврди дека новинар од една телевизија е позитивен на коронавирус, а истиот снимал тв интервјуа со лидерите на двете партии.

-Резултатот на Христијан Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 денаод последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ, Заев, со оглед на тоа дека тој доцна синоќа замина за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш е ставен во домашна изолација, истакна министерот за здравство.

Филипче, информираше дека новинарот позитивен на коронавирус е на лекување во болницата „8 Септември“ и е во стабилна здравствена состојба.

Коронавирус