недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Филипче спротивно на препораките држеше прес со десетина новинари- го загрози ли здравјето на тие луѓе?

Филипче спротивно на препораките држеше прес со десетина новинари- го загрози ли здравјето на тие луѓе?

Република Македонија речиси повеќе од месец и половина се соочува со пандемија од огромни размери предизвикана од коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче во првите денови од пандемијата прикажуваше ситуација која од денешен аспект можеме да забележиме дека била тотално погрешна. Пандемијата ескалираше и ги зафати поголемиот дел од европските земји, меѓу кои и Република Македонија.

Една од препораките на СЗО беше да се избегнува метеж и да не се организираат настани каде што треба да има поголема концентрација на луѓе, меѓу кои и прес конференции на политичките партии и сите други државни институции.

На денешната прес конференција на која се обратија министерот за здравство Венко Филипче, градоначаликот на градот Скопје Петре Шилегов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, можеме да забележиме дека присутни се десетина новинари. На прес конференцијата на министерот загрозени се над десетина животи поради непочитувањето на препораките од Светската здравствена организација.

Можеме да констатираме дека несериозна оди до тоа ниво што првите луѓе на власта не ги почитуваат мерките и препораките од СЗО како и од владата во кои истите партиципираат.

Дали некој од овие луѓе ќе одговара пред законот доколку во најлош случај некој од присутните се здобие со коронавирусот?

Коронавирус