сабота, 10. април 2021. Вести денес: 63
home Вести

Филипче со „ситуацијата е под контрола“ дозволи Македонија да има скоро три пати повеќе активни случаи од Хрватска

Филипче со „ситуацијата е под контрола“ дозволи Македонија да има скоро три пати повеќе активни случаи од Хрватска

Со несериозните политики на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев за превенција на КОВИД-19, Македонија е на дното во регионот во справување со истиот вирус.

Секојдневните енормни бројки на заразени од коронавирусот и починати од истиот вирус се показател дека политиките и мерките на оваа Влада не помагаат во намалување на истата бројка. Во Македонија, веќе неколку дена бројката на регистрирани нови случаи се движи над 700 нови случаи. А, досега во земјата се направени над 540.000 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува над 106.000, а бројката на оздравени пациенти е околу 95.000, на починати е околу 3.200, а бројот на активни случаи изнесува приближно 10.000. И ако Македонија се спореди со Хрватска, може да се воочи дека Македонија има скоро три пати повеќе активни случаи од Хрватска. Имено, во Хрватска во деноноќието сабота накај недела биле евидентирани 394 нови случаи на инфекција со корона вирусот, а бројот на активни случаи во Хрватска е над 3.500.

Во деноноќието сабота накај недела во Хрватска имало само пет починати лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на корона вирусот во Хрватска, регистрирани се вкупно 246.514 лица заразени, од кои околу 5.600 починале, вкупно оздравеле околу 240.000 лица, од кои 416 во деноноќието сабота накај недела. Во моментов има околу 15.000 лица во самоизолација. Овие бројки говорат дека ситуацијата и не е баш под контрола како што министерот за здравство ги убедува граѓаните секојдневно.

„Сега навистина не можам да кажам дали ќе препорачаме некои генерално рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат на територијата на целата држава. Велам уште еднаш, засега немаме индиција дека нешто треба да се направи, меѓутоа не е исклучена можноста“, истакна министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми на 06.03.2021.

„Министре, доста со пиар-от и со вашите игранки и чекања на мали незначителни количини на вакцини, доста со лагите, направете нешто реално за граѓаните. За сите пропусти, и за секој еден изгубен живот, ќе има одговорност“, обвинува Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во прес конференција одржана на 07.03.2021.

Коронавирус