сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Филипче со мерки за корона кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во март

Филипче со мерки за корона кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во март

Бројот на новозаразени од КОВИД-19 од ден на ден се повеќе зголемува. Поради ова министерот за здравство, Венко Филипче вчера најави дека ќе се прави ротација на медицинскиот кадар на инфективните одделенија. Но, властите на ова требаше да размислат многу порано односно да имаат план и стратегија што ќе се прави доколку државата дојде до ситуација каква што е сега. Доколку надлежните имаа некаков план порано за целата ситуација во планот ќе предвидуваше и обука на медицинските лица кои ќе заминат на инфективните одделенија за да знаат како да се справат со целата ситуација.

За ваквата постапка која ја најави Филипче, ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште на почетокот на месец март односно кога започна пандемијата и имаше неколку заразени од вирусот.

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција во месец март посочи дека бројот на заболени на Клиниката за инфективни болести може да порасне во секој момент и бројот на граѓани, родители, деца и медицински персонал кои се во изолација расте и несоодветната информираност и немањето на доволно насоки за постапување може и понатаму дополнително да ја влоши состојбата. Според него тоа сето може да се случи поради несоодветниот менаџмент од страна на министерството за здравство и министерот Филипче. На прес конференцијата на Николов јасно беа посочени сет на мерки од кои едната беше да се подготви план за ротација на здравствените работници.

-Да се подготви план за ротација на здравствените работници, како и план за вклучување на сите расположливи средства и сите расположливи здравствени работници (млади лекари, пензионери итн) во случај на потреба. План за вклучување и на здравствените работници и ресурсите од приватното здравство, се вели во прес конференцијата на Николов.

За тоа дека власта и министерството за здравство немаат стратегија за спаравување со целата ситуација укажа и Арбен Таравари, кој беше министер за здравство пред да дојде Филипче на ова позиција.

-Македонија е држава со најголем морталитет во регионот, па и во Европа и треба да се размисли кој ги прави грешките. Државата е единствена држава во регионот која нема стратегија како да се постапи доколку од тестираните 20% се позитивни, ако 15% се позитивни од тестираните, рече Таравари во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Најнови вести

Коронавирус