вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Филипче се разбуди: По истражувањето на плунката воочи дека воздухот навистина е загаден

Филипче се разбуди: По истражувањето на плунката воочи дека воздухот навистина е загаден

Венко Филипче, министер за здравство вчера на мини интервју на „360 Степени“ рече дека според истражувањето на плунката воочил дека навистина воздухот што го вдишуваме е загаден.

Скоро цела зима како Македонија и главниот град Скопје се на топ местото по светските и европските листи за загадување. Додека граѓаните алармираа, надлежните молчеа и си ја префрлаа топката од едно на друго министерство. Или пак, воведуваа превентивни општи мерки кои траеја само по 2-3 дена.

По обелоденувањето на анализата дека плунката на непушач е еднаква плунката на пушач, граѓаните започнаа со протести пред Собрание со цел да се преземат одредени мерки.

По ова истражување вчера на „360 Степени“ говореше и министерот за здравство кој посочи дека разговарал со професорката која го направила истражувањето да направи некое друго попрецизно истражување.

-Секако дека резултатите загрижуваат на некој начин заради тоа што значи дека воздухот кој што го вдишуваме е навистина загаден. Во таа смисла тоа е едно испитување кое што се прави наназад со години, дури и за време на моите студии ги правевме тие анализи на плунката. Би било интересно доколку тие резултати негде би биле запишувани да ги споредиме со сите овие години. Има други многу посовремени методи кои што можеби и поспецифични анализи да се прават, рече Филипче.

Сепак, Филипче не рече ништо за даденото ветување кое изгледа го има заборавено, дека ќе додели заштитни маски на болните лица.

По револтот на граѓаните дека не можат да земат заштитна маска, Министерството за здравство излезе со соопштение дека постапката за набавка на заштитни маски за лицата со здравствен ризик е во подготвителна процедура и дека штом ќе биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите. Дури наведуваат дека поради законските процедури за набавка на маските кои се долги, оваа процедура се одвива со мало доцнење.

Филипче изгледа заборавил дека загаденоста на воздухот го допре врвот многу одамна, граѓаните алармираат секој ден, и поради сето ова можел процедурата за заштитни маски можеше да ја започне порано за да им излезе во пресрет на болните луѓе.