среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Филипче се поплука самиот: Во декември не му одговараше руската вакцина како донација, за вчера да рече ќе ја набавува истата

Филипче се поплука самиот: Во декември не му одговараше руската вакцина како донација, за вчера да рече ќе ја набавува истата

Вчера министерот за здравство Венко Филипче беше во посета на Поликлиника „Букурешт“ и во изјава за медиуми потенцираше дека владата го има овластено да потпише договор за набавка на вакцина „Спутник V“. Се работи за вакцина која што во декември месец ја одби како донација од Русија.

-Вчера владата ме овласти да го потпишам договорот за руската вакцина. Станува збор за количина од 100.000 дози и ќе се обидеме сега да добиеме конкретни одговори за тоа коа ќе пристигнат. Дополнителни документи и секојдневната размена на информации, се причини поради тоа што не се пристигнати очекуваните кинески и вакцините на „Фајзер“ во земјава“, истакна вчера Филипче во одговор на новинарско прашање за дозите вакцини кои веќе се очекуваат да пристигнат во земјава.

Македонската влада додека ја имаше можноста да добие руски вакцини, ја одби. Тоа се случи пред Нова година кога јавно економскиот советник на руската амбасада во Македонија во гостување на една национална телевизија призна дека понудиле на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вакцини против КОВИД-19, но за жал истите ги одбиле.

-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор, рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител во декември месец.

Единственото оправдување на министерот за здравство Венко Филипче околу руската вакцина зошто не ја зеле помошта што ја нудила Русија е дека била понудена кога се уште не се знаело колку е безбедна истата.

-Последниве месеци тој процес заврши и таа влегува во еден од деловите на Ковакс-механизмот не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку Ковакс ќе стигне и руската „Спутник V“. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на СЗО и на алијансата Гави, изјави министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на пратенички прашања на 30.12.2020.

„Тие можат да бидат обвинети за смртта на илјадници наши сограѓани, затоа што навремено не успеале да набават вакцина, без разлика дали таа е од Кина, дали е од Русија, дали е од Европската унија, дали е од САД. Не е важно од каде е. Час поскоро вакцината треба да се донесе, да може оние граѓани кои што сакаат да се вакцинираат, да се вакцинираат, да спасиме живот повеќе, да спасиме здравје. Тоа е суштината и тоа ги прави одговорна влада. Гледате што се случува земји членки на ЕУ се надаваат денеска колку вакцини ќе земат од Кина, од Русија, или пак од другите производители. Но, оваа влада мисли дека ако вака сервилно се однесува па ќе можат да крадат и да лажат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиуми на 20.02.2021.

Најнови вести

Коронавирус