сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 13
home Вести

Филипче се молеше на Ковакс механизмот кој му ја даде руската вакцина која владата ја одби

Филипче се молеше на Ковакс механизмот кој му ја даде руската вакцина која владата ја одби

Вакцината против КОВИД-19 која што ја нудеше Русија на министерот за здравство, Венко Филипче, а тој ја одби. Денес преку Ковакс системот истата вакцина му се понуди. Поради министерот за здравство Венко Филипче наместо побргу да ја добие Македонија вакцината што ја понуди Русија, сега граѓаните треба да чекаат подолг период за да истата вакцина ја добие преку Ковакс системот.

Оваа ситуација наиде на лавина критики од граѓаните по социјалните мрежи.

„А бе, вистина ли русофобниве глуперди од Влада ја игнорирале директната понуда на руска вакцина, па аплицирале преку КОВАКС механизмот на СЗО. И, оп, таму пак им се паднала – руската вакцина!? Која колосална неспособност ја имате, мајке ми!“, пишува пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев.

„И сеа шо праиме, вистина ли мислевте дека Филипче се грижи за здравјето на граѓаните или цепа политика, по се изгледа второво, си тера дечкото политика“, пишува граѓанин на социјална мрежа.

Пред неколку дена самиот Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител посочи дека Македонија не испратила одговор на добиената понуда од Руската Федерација за набaвка на вакцината Спутник V.

„Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство.На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор“, рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител.

Министерството за здравство вели дека Светската здравствена организација одлучува кога ќе ги достави вакцините.

„Темпото за дистрибуција на вакцините против Ковид 19, го утврдува Ковакс системот. Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам“, велат од Министерство за здравство во соопштение од пред неколку дена.

Во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5, премиерот Заев најави дека граѓаните на нашата земја ќе се вакцинираат паралелно со граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ.

„На целиот наш народ му треба вакцинација со цел да стопираме пандемија. Кој, кога почнал е навистина ирелевантно. Јас не гледам на ова како на натпревар. Средства за набавување на вакцини се предвидени во буџетот. Порачавме вакцини од ЕУ, а ја прифативме и помошта во вакцини од Грција, Бугарија, Полска, Австрија. Секоја количина е добредојдена. За нас беше важно да направиме навремени чекори за да ги обезбедиме вакцините“, рече премиерот Зоран Заев.

Тој исто така најави дека руската вакцина „Спутник“ би можела да стигне во земјава пред „Модерна“ или „Фајзер“.

„Системот е целосно крахиран. Вакцина уште нема. Истиот тој Филипче, кој не е способен да обезбеди вакцина против сезонски грип, сега најавува КОВИД-вакцинација. Како мисли Филипче дека граѓаните ќе му веруваат кога не е способен да направи обично вакцинирање, дека ќе може да направи масовна вакцинација?! Уште сега апелираме, да се направи план за КОВИД-вакцинација и да се вклучат сите потребни експерти. Да не се доведеме во ситуација како држава да имаме редици луѓе пред болниците и нови потенцијални кластери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Коронавирус