сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Филипче се интересира само за милионските тендери, градската болница Кавадарци остана без гинеколог-акушер

Филипче се интересира само за милионските тендери, градската болница Кавадарци остана без гинеколог-акушер

ЈЗУ Општата градска болница Кавадарци остана без доктор гинеколо-акушер. Според информациите кои ги добивме специјалистот гинеколог-акушер Бранкo Поповски, заминал да работи во приватната клиника Санте Плус во Скопје.

Доктор Поповски бил единствениот специјалист акушер-гинеколог во градската болница во Кавадарци. Со ова се отвора голема загриженост кај идните родилки, бидејќи во моментов болницата била препуштена само на еден лекар, кој одвреме навреме доаѓал од Скопје во Кавадарци.

Во градската болница Кавадарци, на одделот гинекологија освен породување, се вршеле и други хирушки интервенции на пациентките, а за сето тоа бил заслужен доктор Поповски.

Во оваа болница се раѓаа деца и од околните средини во Кавадарци, како и од другите општини Неготино, Росоман и Демир Капија.

Дополнително загрижува фактот што се уште нема конкурс за вработување на нов доктор специјалист по акушерство и гинекологија. Кавадарчани се разочарани и велат дека очигледно е дека актуелниот министер за здравство, Венко Филипче го интересираат само скандалите со милионските тендери за што деновиве на големо се зборува во јавноста.

Во Република Македонија изминатиот период има се поголеми слуачеви каде што докторите заминуват во приватни клиники поради поголема плата и подобри услови за работа. Премиерот Зоран Заев и покрај големите најави и вети дека со доѓањето на СДСМ на власт ќе ги зголеми платите на докторите на 100. 000 денари, но од овие ветувања за докторите нема ништо се уште.

Коронавирус