петок, 14. мај 2021. Вести денес: 120
home Вести

Филипче се фали преку медиуми дека ги вакцинирал сите здравствени работници, но вистинската бројка се движи околу 8.000

Филипче се фали преку медиуми дека ги вакцинирал сите здравствени работници, но вистинската бројка се движи околу 8.000

Министерот за здравство, Венко Филипче не пропушти можност ниту во последното интервју за Канал 5 телевизија, пак да се пофали дека Македонија е меѓу првите земји каде што се вакцинирани сите здравствени работници.

Ова го има посочено неколку пати, како што беше и на последното интервју дадено за Македонска радио телевизија.

„Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија „Фајзер“ стигнаа 8.000 вакцини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здравствени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од КОВИД- 19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4.000 вакцинирани здравствени работници, а од 11-ти март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината“, рече министерот за здравство Венко Филипче во интервју за МРТВ.

Но, очигледно поради голем број на лаги кои ги има кажано, министерот за здравство Венко Филипче заборави дека на почетокот на неделата пратил соопштение од Министерство за здравство дека се извакцинирани 7.009 здравствени работници.

Но, вистинската бројка на сите здравствени работници и соработници според ФЗО се движи околу 18-19.000.

Министерот за здравство не успеа уште едно ветување да исполни, дека Македонија ќе стане прва земја во регионот што ќе ги вакцинира здравствените работници кои се во прва линија на браникот од КОВИД-19 тапка во место. Бројката на вакцинирани здравствени работници сега за сега изнесува околу 8.000. Процесот на вакцинација на здравствени работници оди доста бавно од очекуваното.

За ова реагира и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ дека министерот за здравство не може да ги заштити ниту здравствените работници од КОВИД-19 за да можат да лекуваат граѓани, а не пак да го вакцинираат целото население во државата.

„Си излегол Венко (алијас Зоран Заев) САМ на телевизија, се фали и ЛАЖЕ дека направиле се што можат за да најдат вакцини, и дека сме биле прва земја во светот која ги извакцинирала сите здравствени работници. Заборава дека пратил соопштение од Министерство за здравство дека се извакцинирани 7009 здравствени работници. А бројката на сите здравствени работници и соработници е многу поголема. До кога ќе тераат вака со манипулации и трикови…???Одете си!Доста е“, напиша на социјалните мрежи, Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ на 09.04.2021.

Најнови вести

Коронавирус