вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 187
home Вести

Филипче се доекипира со партиска војска, среде корона пандемија огласи за вработување

Филипче се доекипира со партиска војска, среде корона пандемија огласи за вработување

Власта продолжува да ги партизира државните и јавните институции и во време кога Македонија се соочува со здравствена и економска криза.

Додека пандемијата секојдневно бележи зголемување на бројот на новоинфицирани и починати, а здравствениот систем се соочува со дефицит од медицински персонал и здравствени работници, министерот за здравство Венко Филипче наместо да вработува здравствени работници се со цел спречување на ширењето на вирусот, но и помош за персоналот кој е во првите борбени редови, врши партизација на министерството преку вработување на партиски кадри.

Имено, во моментот се активни 4 огласи за вработување на државни службеници во Министерството за здравство.

Сите 4 огласи се објавени на 16 декември, а на првиот оглас се бара еден државен службеник на позицијата раководител на сектор, на вториот оглас се вработува еден извршиле односно помлад соработник сметководител во одделение за буџетска координација, сметководство и плаќања, Сектор за финансиски прашања, а како критериум лицето мора да има завршено Организациони науки и управување (менаџмент). На третиот оглас се вработува едно лице раководител на одделение за едукација на медицински персонал, додека на последниот оглас се вработува еден државен службеник односно помлад соработник за стручно оспособување, усовршување, оценување и следење на правичната застепеност, а лицата кои што ќе може да аплицираат за ова работно место мора да има завршено правни науки или наука за јазикот лингвист.

Нето платата изнесува во зависност од позицијата на која се вработуваат, однос од 22.020 денари до дури 35.496 денари.

За потсетување, македонскиот здравствен систем се наоѓа пред целосен колапс бидејќи како што пишуваат медиумите медицинските и здравствени работници се веќе на работ на својата издржливост и исцрпеност поради се поголемиот број на ново заразени од корона вирус, а само почетокот на пандемија до денес се заразени од 1500 до 2000 медицински персонал, додека 15 здравствени работници за жал ја изгубија битката.

Една од причините за зголемениот број на инифициран медицински персонал е и немањето на соодветна заштитна опрема, но и преголемиот замор кој се јавува кај здравствените работници. Но, власта и понатаму останува без слух за ангажирање на невработените медицински и здравствени работноцо,а граѓаните стравуваат дека во наредниот период ќе нема кој да им пружи медицинска помош.

Ова не е прв вакпв случај на објавување на оглас за вработување, односно граѓаните секојдневно се сведоци дека власта иако ветуваше намалување и департизација на администрацијата, како и кратење на државната и јавна администрација пред само неколку месеци, сега го прави сосема спротивното.

И во буџетот за 2021 година кој пред само два дена го изгласа владејачкото мнозинство,а наиде на жестоки реакции од опозициските партии од македонскиот и албанскиот блок, предвидува зголемување на ставката на плати за 510 милиони евра.

Се чини, дека зборот на премиерот Заев за кратење на непродуктивните трошоци не држи вода, а зборот е збор не важи за старо новата влада на СДСМ, која преку огласи и вработување на партиски кадри во администрацијата сака да си обезбеди послушно гласачко тело, наместо институции со квалификуван кадар и во служба на граѓаните.

Најнови вести

Коронавирус