сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Филипче решен да оди до крај со сомнителниот тендер- не се откажува и покрај сите притисоци од јавноста

Филипче решен да оди до крај со сомнителниот тендер- не се откажува и покрај сите притисоци од јавноста

Жестоки реакции во јавноста предизвика тендерот кој го доби фирма од Србија за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните установи низ цела Македонија. Но, и покрај жестоките реакции, министерот не се откажува од овој тендер.

Оваа централизирана набавка за апарати и реагенси, според која испитување на крв ќе се врши само во 3 наместо во над 80 Јавни здравствевствени установи и вреди преку 35 милиони евра, тој ја нарече европска. Не гледа ништо сомнително во тоа што спецификациите на тендерот одговараат само на еден апарат, од производителот Абот.

-Овој проект е во насока на остварување на европски модел за кој се стремиме, со цел реформирање на здравствениот систем и приближување кон европските трендови – рече Филипче на денешната прес конференција.

На пресот кој денеска го имаше, министерот најмногу потенцираше на тоа дека немал поима која е компанијата која е единствена пријавена на тендерот. Во исто време, министерот за здравство вели дека тие со оваа набавка ќе заштеделе за реагенси.

-До сега 12 милиони евра годишно се плаќаа за реагенси. Тоа е премногу. Сега кога Јавните здравствени установи нема сами да набавуваат реагенси, ќе се заштедат средства, рече Филипче, без да објасни како со трошењето на 35 милиони за три години ќе се заштеди од овие 12 милиони кои се трошат до сега.

Контроверзниот тендер вреди околу 35 милиони евра а на него конкурирала само компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која е во сопственост на Предраг Петриќ од Нови Сад, а директор во Македонија и е извесен Александар Јовановски викан Жути од Гази Баба.

Се работи за исклучително сомнителен тендер, ако се има в предвид дека компанијата ќе добие монопол над целиот пазар со апарати и реагенси за испитување на крв во сите Јавни здравствени установи во Република Македонија.

Дополнително скандалозно е што во самата тендерска документација беа наведени спецификации за модел на апарати кои одговараат само на еден производител, АБОТ, иако на пазарот има уште десетици модели за апарати за испитување на крв.

Проверката во централниот регистар покажува дека компанијата која го добива тендерот е регистрирана на 18.04.2018 што консолидира со периодот во кој беше отворен техничкиот дијалог за тендерот. Оваа компанија која ја водат млади луѓе, нема никакво искуство во овој сектор, ниту пак било кога се занимавала со медицинска опрема.

 

Најнови вести

Коронавирус