Министерот за здравство Венко Филипче оцени вчера дека трансмисијата на коронавирусот е под еден, со што е израмнета кривата на епидемијата, има линеарен број на случаи и секој ден оздравени.
Сепак, тој повика повторно секој граѓанин да даде придонес со доследно почитување на мерките и на тој начин постепено да се врати животот на нормалата.
Според него, сепак рано е да се размислува за целосно укинување на полицискиот час и за тоа треба посериозна анализа која ќе потврди дека сериозен број на денови има намален тренд на заболувања и нема нови кластери, пренесе Независен.
-Имаме некои проекции, но дозволете тоа детално да го објасниме во текот на неделата, порача Филипче.