петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Филипче продолжува со фалење на донации

Филипче продолжува со фалење на донации

Денес по медиумите излезе „топ“ вест министерот Филипче на предавање специјално возило на Здравствениот дом Струмица.

Имено специјалното возило е донација од Организацијата „Сано“ и со него се зајакнуваат капацитетите на домашната посета на Здравствениот дом во Струмица. Истовремено при предавање на донацијата се заблагодари и Директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева која истакна дека таа е донирана во вистински момент, бидејќи токму во зимскиот период такво возило е најпотребно за да се врши посета на болните. Ова е една од низата донации со кои секојдневно се фали министерот.

-Инвестиции нема никаде ни за лек. Здравствениот систем е на стаклени нозе бидејќи се гради на база на донации наместо на инвестиции од страна на министерството за здравство, велат упатените.

Коронавирус