четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 135
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

ФИЛИПЧЕ ПРИЗНА: Болниците преполни до последниот кревет, наскоро следува полициски час во земјава!

ФИЛИПЧЕ ПРИЗНА: Болниците преполни до последниот кревет, наскоро следува полициски час во земјава!

Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола се менаџира меѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука има слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат, тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час.

Ова вечерва го соопшти министерот за здравство Венко Филипче во вестите на Канал 5 телевизија, при што информираше за состојбата со болничките капацитети.

Филипче истакна дека нашата земја ги следи препораките на Светската здравствена организација.

– Мерките за заштита од Ковид-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро. Да се покаже единство, нека се донесе законот едногласно, за да се покаже колку е важно за сите граѓани почитувањето на заштитните мерки, истакна Филипче.

Додаде дека пред нас е најризичниот период од неколку месеци, есенски и зимски месеци во кои, како што нагласи, може да се комплицира епидемиската ситуација во земјата и со дополнителен број на случаи од други заболувања, сезонски грип и настинки.

– Почитувањето на мерките, носењето на маските и одржувањето на дистанца освен што значи заштита на сопственото, јавното здравје, здравјето на најблиските, значи и почит кон работата на здравствените работници кои деноноќно од почетокот се борат со оваа криза, рече Филипче.

Коронавирус