сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Филипче потврди: Вучиќ почина од коронавирус, бил хоспитализиран по влошување на состојбата

Филипче потврди: Вучиќ почина од коронавирус, бил хоспитализиран по влошување на состојбата

Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

-Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските, пишува Филипче на Фејсбук.

Коронавирус