четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Филипче потврди: Покачувањето од 5% не може да се пресмета во основната плата

Филипче потврди: Покачувањето од 5% не може да се пресмета во основната плата

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска ги потврди пишувањата на Курир дека вработените во здравството нема да го добијат најавеното покачување на плата од 5 проценти, пресметано во платата.

-Имавме бројни состаноци со претставници на Синдикатот, една од причините беше да се најде начинот како да се исплати, дали да биде дел од анексот. Покачувањето доаѓа како поддршка преку кредитот на Светска Банка и не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус, односно додаток, изјави денеска Филипче.

Тој посочи дека завршени се сите процедури и до крајот на месецот вработените во здравството ќе го добијат покачувањето од пет проценти за месец март.

Повеќе за најавата од Курир по однос на оваа тема може да прочитате подолу:

Ништо од ветувањето на Филипче: Вработените во здравството нема да го добијат најавеното покачување на платата

Најнови вести

Коронавирус