понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 71
home Вести

Филипче потврди дека нема усогласена стратегија за лекарите како да постапуваат во поединчени ковид случаи

Филипче потврди дека нема усогласена стратегија за лекарите како да постапуваат во поединчени ковид случаи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање потврди дека Македонија нема усогласена стратегија за лекарите како да постапуваат во конкретен или поединечен случај на КОВИД-19.

Доктори во Македонија сугерираат дека можеби се води погрешна стратегија во лекувањето и тоа е причина за големата смртност. Микробиологот Пановски, смета дека големата смртност се должи на лекувањето во домашни услови кое почнува со огромни дози на антибиотици кои прават проблеми во општото здравје на пациентите кои набрзо завршуваат во болница, но според Филипче лекарите се координирани и постапуваат според клиничката слика.

– Во однос на препораки, конкретни за лекување во однос на користење на терапија имаме пристап да воопшто не се препорачуваат лековите кои што не се докажани дека помагаат за оваа болест. Дел од лековите за кои што се дискутира се практично лекови само за болничка употреба, а за Фавирапир има 30 студи кои се уште не се завршени. Во таа смисла матичните лекари постапуваат според клиничката слика и состојба. За оваа болест едноставно не постои алгоритам во светот кој што треба да се прати. Тоа ние го гледаме и кај пациентите во болнички устави и тие кај матичните лекари, рече Филипче.

Тој додава дека во болничките установи станува збор за една организирана и координирана работа за споделување на сите информации, но тоа што има пациенти кои што имаат широка лепеза, огромен број на манифестации на болеста во смисла на различна клиничка слика, сепак остава простор за пристап според клиничката слика односно манифестацијата, а таа зависи од секојдневните анализи кои се менуваат секој ден.

Најнови вести

Коронавирус