недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Филипче потврдено најнеспособен: Во Србија вакцините пристигнуваат неделава, во Македонија во март догодина

Филипче потврдено најнеспособен: Во Србија вакцините пристигнуваат неделава, во Македонија во март догодина

Земјиве во регионот се подготвуваат овие денови да им пристигнат вакцините за КОВИД-19 и да го вакцинираат населението. Но кај нас што се случува? Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во Македонија вакцините би требало да пристигнат во март догодина, и тој термин е под знак прашалник.

Македонските граѓани на почетокот на идната година, најверојатно во февруари или март, ќе можат да ја примат вакцината за КОВИД-19. Вакцинирањето ќе биде бесплатно и на доброволна основа. Приоритет во вакцинирањето ќе имаат сите здравствени работници од КОВИД-центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти со корона вирус. Децата не се предвидени за вакцинирање.

„Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние. Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку „Ковакс“ системот“, рече министерот за здравство Венко Филипче на една од своите прес конференции.

„Вакцините треба да пристигнат на почетокот на идната година, односно некаде во март.Како што е познато, и како што најави министерот Венко Филипче, први ќе се вакцинираат здравствените работници, војската и полицијата“, истакна премиерот Зоран Заев во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Додека власта во Македонија калкулира дали вакцините ќе пристигнат во март месец или пак февруари, во Србија наредните денови ќе пристигнат и ќе започнат со вакцинирање на населението.

„Вакцинацијата е од клучна важност, тие велат дека станува збор за удобност, но тоа е прашање на нашите животи. Верувам дека ќе ги добиеме првите вакцини „Физер“ во следните два или три дена, рече Вучиќ. Тој изјави дека наскоро се очекува кинеската вакцина, а потоа и американската „Модерна““, нагласи претседателот на Србија, Александар Вучиќ на една од своите изјава за медиуми.

Очигледно е дека поради неажурноста на власта Македонија пак ќе биде последна во регионот како и до сега во сите сфери. Граѓаните се надеваат дека во март месец ќе пристигнат вакцините за да се вакцинираат бидејќи според новите податоци од светот не може да се патува надвор од границите ако вакцината за КОВИД-19 ја немате примено.

Коронавирус