сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Филипче потфрли, во Македонија влезе лице со корона!

Филипче потфрли, во Македонија влезе лице со корона!

Прв случај на корона вирус во Македонија, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Станува збор за жена на педесет годишна возраст која две недели веќе била болна за време на престојот во Италија. Филипче соопшти дека во Италија била лекувана, но не и тестирана дали има корона вирус.

Ова покажува едно, дека има пропусти во организацијата да се превенира корона вирус. Организација со која толку се фали министерот Филипче. Доколку има јасна процедура како да се превенира треба да нема пропусти на контрола на патниците, како на двата аеродроми во државава, така и на граничните премини, односно контролира на патници кои доаѓаат и по копнен пат.

Жената веднаш се упатила на Клиниката за инфективни болести по пристигнување утринава на граница кај Табановце. Но, и тука се е нејасно, прво зошто ако била болна две недели не била тестирана во Италија, туку доаѓа во Македонија и оди да се тестира, второ, не се јасни здравствените власти дали како што велат „сама заминала на Клиниката за проверка“, или во друга верзија велат „беше спроведена од граница на клииниката за инфентивни болести“.

Ова не е ниту помалку, ниту повеќе, туку само пропуст во менаџирање на надлежните ресурси за превенција на корона вирусот. Во редовна процедура таа треба да биде детектирана на границата од надлежните власти и да биде соодветно спроведна.

Дополнително е нејасно и како по пат немало проверка на другите граници додека да се дојде до Македонија? Станува збор за влез во државава по копнен пат.

Останува да се види дали пресретнувањето на патиштата за ширење на корона вирусот ќе се пресретнат, или дали ќе се направи навремена проверка на лицата кои со неа биле во контакт за време на патувањето.

извор: zdravstvo.mk

Коронавирус