четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Филипче покажа елементарно непознавање на законот за казнување на веледрогерии

Филипче покажа елементарно непознавање на законот за казнување на веледрогерии

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера соопшти на граѓаните дека заврши увидот на инспекторите од Агенцијата за лекови, во сите места каде биле детектирани како што вели „вакцини со добар и проверен рок“ меѓутоа со погрешна декларација.

При самиот говор министерот соопшти дека веледрогеријата „Македонијалек“ ќе ја максималната казна, бидејќи ваков тип прекршок, го урива угледот на јавното здравство и не треба никогаш повеќе да се повтори.

Дури Филипче напомена дека од страна на Агенцијата за лекови таа казна за веледрогеријата е парична и ќе се движи од 30.000 до 70.000 евра.

Според оваа Филипче со кажа вчера очигледно е дека не го знае добро законот за лекови. Бидејќи според истиот највисоката казна може да достигне само до 50.000 евра. Законот исто така не предвидува казна од – до, туку само максимална казна колку може да достигне.

На граѓаните треба да се појасни дека висината на казната се пресметува врз основа на годишен обрт, број на вработени. И доколку истата предвидена казна веледрогеријата ја плати истата казна во рок од 8 дена, таа се намалува дури за 50%.

Веќе неколку пати во наврат министерот докажа на јавноста дека нема елементарно познавање од законите за неговиот ресор. Затоа нека размисли нареден пат или пак нека се консултира со своите советници пред да излезе во јавност и да соопштува нешта кои што во рамка на законите.

Коронавирус