среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

Филипче откри колкав број на заразени од коронавирус се очекува да има во Македонија

Филипче откри колкав број на заразени од коронавирус се очекува да има во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека сакаат и очекуваат да има помал број заразени со Ковид-19, но и оти се спремаат за голем број на пацинети.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на онлајн прес-конференцијата рече дека според нивните последни анализи, можно е оваа бројка да биде меѓу 1600 и 1700.

-Се уште не се опуштаме, сметам дека е рано, така сметаат и епидемиолозите и ескпертите од Комисијата за заразни болести и така ги препорачуваме и димензионираме мерките затоа што така сакаме да продолжи овој тренд, вели Филипче.

Посочи оти првичната проценка дека бројот на заразени ќе стигне меѓу 2000 и 2500 била правена врз основа на тогашниот број на пациенти и тогашната претпоставка како ќе се движи кривата. Веројатно, вели Филипче, сега проценките би биле поинакви.

Во однос на тоа кога се очекува пикот, министерот посочи оти не би избрзувале и оти сакаат да видат последователно повеќе денови еден ваков тренд за да кажат дека е поминат пикот.

-Оваа недела, евентуално следната, периодот околу 1 мај, така беа првичните предвидувања. Од тоа од што стравуваме е да не станува збор за поединечна варијација, како што беше во едно друго сценарио кога имавме еден пик во смисла на исклучок на над 100 дијагностицирани пациенти. Така да, сметам дека се уште не би избрзувале. Сепак, сакаме да видиме последователно повеќе денови еден ваков тренд за да кажеме, добро, поминат е пикот, и да очекуваме во континуитет и во следните денови намалување на бројот на случаи. Искрено се надеваме дека така ќе биде. Но, малку е рано иако трендовите тоа ни го најавуваат, но сме многу внимателни, додаде Филипче. (МИА)

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија