четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Филипче: Олабавувањето на мерките ќе оди постепено

Филипче: Олабавувањето на мерките ќе оди постепено

Бројот на тестови се намалува затоа што бројот на лица за кои се сомневаме дека се заболени од КОВИД-19 е сѐ помал, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

-Епидемијата се стишува, како што и очекувавме во овој период. Со олабавување на мерките треба да спречиме голем број на ново дијагностицирани пациенти. Затоа олабавувањето ќе оди постепено, со препораки, со задолжително носење на маски, на одржување на дистанца – само на тој начин епидемијата ќе ја држиме под контрола, наведува Филипче во објавата.

Најнови вести

Коронавирус