четврток, 22. април 2021. Вести денес: 114
home Вести

Филипче нема милост кон граѓаните кои прележале КОВИД-19, приморани се да чекаат со часови за КОВИД анализи

Филипче нема милост кон граѓаните кои прележале КОВИД-19, приморани се да чекаат со часови за КОВИД анализи

Министерот за здравство Венко Филипче нема милост ниту за граѓаните кои прележале КОВИД-19. По прелегување на КОВИД-19, сите вредности се поместени, поради тоа граѓаните мораат да направат КОВИД анализи. Но, тука започнуваат сите проблеми.

КОВИД анализи во Македонија можат да се направат само во неколку лаборатории и тоа во „8-ми Септември“, на Инфективна клиника во округот на кампусот на „Мајка Тереза“ и во амбулантите на Битпазар, во „Јане Сандански“ и „Букурешт“. Поради ограничениот број на лаборатории кои можат да вршат КОВИД анализи граѓаните се приморани да доаѓаат од други градови во Скопје и да чекаат со часови.

„Ова е срамота, кај министерот не овозможи на граѓаните заштитат и вакцини сега не приморува да одиме во Скопје да правиме КОВИД анализи. Но уште пострашно се чека со часови. Ова го нема никаде во светот“, револтирано коментира еден пациент кој што чекаше за КОВИД анализа во лабораторијата кај „Јане Сандански“.

„Филипче не умре сите, немаше лекови за терапија за лекување од КОВИД, а сега нема лаборатории низ други градови, не малтретира до Скопје да одиме“, нагласува пациент кој што чекаше пред лабораторијата во „8-ми Септември“.

За овој проблем министерството за здравство и самиот министер за здравство Венко Филипче молчат.

Додека граѓаните се жалат дека и по прелегување на КОВИД-19 се приморани да чекаат со часови за КОВИД анализи, додека вакцини се уште нема во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче по социјалните мрежи се фали како одлично се има справено со корона вирусот.

„Во изминатата година докажавме и покажавме дека здравствениот систем има сили, знаење и искуство да се справи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја на светот“, пишува министерот за здравство Венко Филипче на социјални мрежи.

А, пак опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ секој ден го обвинува Венко Филипче за хаосот кој што го стори во Македонија, и поради неговата неспособност во државата има над 3.000 починати од корона вирусот.

„Македонија за жал има само околу 8.000 вакцини и тоа како донација од Србија. Со ова Македонија е на дното во регионот по набавка на вакцини и вакцинирање. Филипче и Заев не само што покажаа, туку и докажаа дека не се способни, и дека не се заинтересирани.За ветените вакцини кои никако да пристигнат, за загрозување на јавното здравје, за секој загубен живот, за хаосот во здравството, одговорност мора да има“, истакна Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција одржана на 03.03.2021.

Коронавирус