понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 142
home Вести

Филипче не се справи со ништо, а светот се подготвува за трет корона бран 

Филипче не се справи со ништо, а светот се подготвува за трет корона бран 

Ситуацијата со КОВИД-19 и понатаму зема широки размери во државата. За тоа се и доказ секојдневните бројки на новозаразени кои изнесуваат над 1000 како и бројот на починати кој е над 25. Но, се повеќе од очигледно е дека на властите  овие застрашувачки бројки не им значат ништо.

Пред неколку дена претставник на Светската здравствена организација најави дека се очекува трет бран на вирусот кој ќе биде на почетокот на 2021 година односно од месец јануари.

-Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е на нашиот праг, предупреди Давид Набаро.

По ваквата информација кај граѓаните се појави прашањето дали надлежните и министерот за здравство, Венко Филипче ќе превземе нешто за најавуваниот трет бран кој е на самиот праг бидејќи повеќе од очигедно е дека земјата многу лошо се справи и со првиот и со вториот бран.

Имено, граѓаните додаваат и  тоа дали и во овој најавен трет бран на КОВИД-19 неспобноста на Филипче ќе се плаќа со човечки животи.

За неспобноста за справување како во првиот и вториот бран говорат и секојдневните сведоштва на граѓаните кои биле позитивни или имале блиски кои биле позитивни на вирусот.

-Татко ми е позитивен со 12 дена висока температтура, а во моментот има 40. Дијабетичар, опериран од чир на желудникот и алергичен на парацетамол. Брза помош само што ме извести дека  кравете за сметување нема, да ја пратиме ситуацијата и што може да се направи од дома затоа што пациентите им лежеле во возила со саати додека чекаат, раскажува лице на кое родителот и е позитивен на вирусот.

Во друго сведоштво може да се забележи како пациентите на Инфективната клиника во Скопје се жалат дека немаат грееење и пациентите бараат начин како да бидат згреани.

-Ве молам дали знае некој мобилен телефон од Неврологија-Ковид за да се информираме за состојбата мајка ми. Таа беше примена на очна клиника, а вчера е префрлена на неврологија. На фиксните броеви никој не се јавува. Немам никаква информација, вели друго лице.

Ова се само дел од секојдневните случаи на граѓаните поврзани со вирусот.

-Уште што се треба да се случи за да Филипче и властите превземат одредени мерки кои ќе помогнат за полесно да се надмине целата ситуација по врзана со корона, прашуваат граѓаните

Најнови вести

Коронавирус