петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Радикалните мерки ги преземавме откако видовме дека тие дадоа резултати во Кина и Италија, таму каде што се жариштата. Мерките се сериозни и мора задолжително да се почитуваат. Против секој што не ги почитува ќе бидат преземени соодветни мерки, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Ние не можеме да знаеме и да бидеме сигурни со која динамика и како ќе се шири вирусот посебно што имаме различни сценарија. Имаме 12 луѓе кои биле со пациентката повеќе од 20 часа во еден мал минибус и никој не заболел. Имаме друго сценарио при кое со контакти непосредни после тоа се пренела болеста. Така што очекувања, предвидувања, апсолутно неблагодарно е да се дадат, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Локални избори 2021