четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Филипче не ја исклучува можноста коронавирусот да бил присутен во Македонија многу порано

Филипче не ја исклучува можноста коронавирусот да бил присутен во Македонија многу порано

Најден е вирусот во примерок од дишното стебло, многу тешко е да се каже што е причината за смртта. Но, во насока на значајно поголемиот број на пациенти од грип, 37.000, наспроти 20.000 историски гледано повеќе години наназад не е исклучено вирусот да бил присутен порано. Особено ако се земе предвид дека излегуваат публикации оти има асимтоматски носители на вирусот.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот Филипче одговарајќи на новинарско прашање за мајката и синот од Велес кои беа пронајдени мртви. Како што објавија дел од медиумите, обдукцијата покажала дека мајката починала во јануари, а била позитивна на коронавирус.

Филипче и претходно не ја исклучуваше можноста коронавирусот да бил присутен и претходно во Македонија поради несвојствено големиот број на пациенти со грип.

Коронавирус