недела, 9. август 2020. Вести денес: 44
home Вести

Филипче не им верува на бројките, иако во Хрватска и Словенија нема новозаболени за него тие не се подобра ситуација од Македонија

Филипче не им верува на бројките, иако во Хрватска и Словенија нема новозаболени за него тие не се подобра ситуација од Македонија

Новите случаи на заразени со корона вирусот се од непочитување на мерките, а има граѓани кои ги почитивуваат многу доседно мерките. Сепак борбата против вирусот не е само на здравствените работници, туку на сите граѓани, рече министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето на телевизија 24 кој укажа дека се е навреме превземено во контекст на ситуацијата со корона вирусот.

На прашање ако се е направено навреме во контекст на корона кризата зошто Хрватска и Словенија се во подобра ситуација, веќе и без починати, без нов број на заболени, Филипче со одговор: „Не би рекол дека е така, оваа пандемија нема да заврши и во земјите кои имаа мал број на заразени приказната нема тука да заврши. Еве во Кина има и втор пик. Тоа ни потврдува дека стратегијата што ја поставивме е соодветна. А оваа ситуација сега со вчера 40 заболени, денес околу 20 целосно ја очекувавме“.
Колку за илустрација четиримилионска Хрватска има 99 починати, а двомилионска Македонија има 112 починати и секој ден по повеќе заболени.

Коронавирус