вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 62
home Вести

Филипче: Не е исклучена можноста за задолжителна вакцинација

Филипче: Не е исклучена можноста за задолжителна вакцинација

Сметам дека генерално карантинизирање, во смисла на рестрикција на движење, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат на вакцинација, не би требало да е опција, но не знаеме што може да се случи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот вели дека важно е да вакцинацијата се зголеми преку апели и преку мерката со матичните лекари. Добро е, вели Филипче, апели да и има и од големите компании кон нивните вработени.

На прашањето која е веројатноста да се зголеми процентот на вакцинација со овие мерки и апели, односно да се промени мислењето кај оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат, министерот вели дека засега оставаат на времето.

-Ќе оставиме некое време да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Апсолутно мислам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма оваа вакцина да биде задолжителна согласно искуствата и примерите од другите земји кои ќе ги даваат во периодот пред нас, не е исклучена. Додека сето тоа се осмисли, да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат, остануваме со овие мерки, посочи Филипче.

Министерот, појасни дека се уште е рано за ваква мерка кај нас.

Коронавирус