сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас, да ги почитуваме трите правила

Филипче: Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас, да ги почитуваме трите правила

Министерот за здравство, Венко Филипче упатува апел на доследно почитување на мерките за заштита од коронавирус од страна на целото население.

-Најсилното оружје против коронавирусот е секој од нас – нашата совест и нашата одговорност. Најефикасниот штит се трите правила кои мора доследно да ги почитуваме – држење растојание, носење заштитна опрема и одржување хигиена. Секој од нас треба да ја сфати сериозноста на вирусот, да се заштити себе си, а со тоа и своите најблиски, јавното здравје, здравствените работници и здравствениот систем. Нема компромис со овој вирус. Затоа да почитуваме. Јас верувам во нашите граѓани, во секој од вас. Заедно да се бориме – да се чуваме себе и нашите блиски, да го заштитиме јавното здравје,  истакна Филипче.

Коронавирус