вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Најголем број од новите случаи се од прослави, 65% во Скопје се од познат случај

Филипче: Најголем број од новите случаи се од прослави, 65% во Скопје се од познат случај

По тридневниот карантин во најзагрозените делови од Македонија, министерот Венко Филипче одржа прес-конференција за соопштување на понатамошни мерки.

-Таргетираното тестирање беше рана дијагностика за навремена изолација на сите контакти кои се носители на вирусот во рамките на познатите кластери. Најголем број од заболените се заболени на семејни или други собири, па со оваа стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените и оние без симптоми. Полицискиот час за викендов дозволи полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти, што беше отежнато претходно. И покрај отпорот на некои места сега има подобра соработка. Епидемиолозите полесно пристапуваа и тестираа. Апелирам до граѓаните коректно да соработуваат и да даваат точни податоци, истакна тој.

Филипче посочи дека огромен процент од новозаболените се со лесна клиничка слика или асимптоматски и од вкупниот број хоспитализирани само 8 пациенти се на механичка вентилација.

-Околу 65% од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а 90% спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите 3 кризни региони. Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир околу 23, 24, 25 мај пред 2 недели, истакна Филипче.

Најнови вести

Локални избори 2021