петок, 23. јули 2021. Вести денес: 34
home Вести

Филипче најавува теренско вакцинирање во области каде што интересот за вакцинација е мал

Филипче најавува теренско вакцинирање во области каде што интересот за вакцинација е мал

Додека следната недела се очекува во земјата да пристигнат 500.000 дози на кинеска вакцина како и Фајзер, бројот на граѓани заинтересирани за вакцинација не е значително зголемен. Во моментов 180 илјади граѓани чекаат за вакцинација. Министерот за здравство Филипче најави интензивна кампања, како и теренска вакцинација во области каде што интересот за вакцинација е мал.

Дел од анкетираните граѓани велат дека досега не се пријавиле токму поради недостаток на вакцини.

„Нема доволно вакцини, чекаме да пристигнат вакцините и да се пријавиме. Веднаш штом ќе пристигнат вакцините, ќе се пријавиме“, вели еден граѓанин.

Некои се пријавиле и чекаат да бидат имунизирани.

„Се пријавив за вакцинација. Пред месец и половина, но сѐ уште нема одговор“…

„Се пријавив пред месец и половина, чекаме, ако не повикаат ќе одиме и ќе се вакцинираме. Мислам дека нема вакцини, бидејќи ако имаше ќе нѐ повикаа“, додаваат граѓаните.

Вакцинираните граѓани препорачуваат сите граѓани да бидат вакцинирани.

„Јас им препорачав на сите да се пријават и да ја земат вакцината“, вели еден наш сограѓанин.

Министерот Филипче смета дека до крајот на летото ќе се постигне колективен имунитет, каде 70% од граѓаните се очекува да бидат вакцинирани со две дози.

Коронавирус