вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Вести

Филипче: Можно одделување на администрацијата во здравството од останатата администрација

Филипче: Можно одделување на администрацијата во здравството од останатата администрација

Администрацијата која работи во рамките на јавните здравствени установи не можеме да ја одделиме од останатата администрација која работи во останатите сектори. Тоа беше единствена причина зошто зголемувањето на платите во здравството кое го направивме на почетокот на оваа година, важеше за сите освен за административците. Тие зголемувањето од пет проценти го добија од септември, како и администрацијата во секој друг сектор. Имавме повеќе средби по зголемувањето на платите во јануари со цел да видиме дали заради спецификата на работата администрацијата која работи во здравствениот сектор може некако да се оддели од останатата администрација.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во однос на административниот технички персонал имале разговори со претставниците на двата синдикати.

– Ќе следат разговори не само во рамките на нашиот сектор, туку и со претставници на Министерството за информатичко општество и администрација да видиме дали можеме да го направиме тоа, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за реакцијата на административно техничкиот персонал, кој бара зголемување на платите, по најавеното зголемување на платите на здравствениот персонал.